Веспрем не виде мака против Порто

Унгарскиот Веспрем ја продолжува трката по директно место во четвртфиналето откако славеше на гости кај Порто со убедливи 40-26.

Избраниците на Момир Илиќ немаа никакви проблеми против тимот на македонскиот голман Никола Митревски и уште на полувреме водеа со 21-11.

Капитенот на Македонија доби минутажа на овој натпревар и одбрани осум удари на ракометарите на Веспрем.

Најдобри стрелци кај победникот беа Јахја со шест, како и Ремили и Фабрегас со по пет гола, а кај Порто, Фернандез беше стрелец на пет погодоци.

Вреди да се одбележи и одличната вечер на голманскиот двоец на Веспрем – Коралес и Јенсен, кои искомбинираа 22 одбрани.

Унгарскиот гигант сега има 16 бодови на третото место и ќе го брка Магдебург кој е втор со 18, односно Барса која е прва со 20 бода.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА761013
2ПИК СЕГЕД850310
3НАНТ84139
4АЛБОРГ84139
5КЕЛЦЕ83056
6КОЛСТАД83056
7МАГДЕБУРГ72145
8ППД ЗАГРЕБ82064