Данскиот шампион Алборг имаше победнички старт во Лигата на шампионите, откако на домашен терен беше подобар од унгарскиот гигант Веспрем со 32-28.
Алборг беше во константно водство од почеток до крајот на натпреварот, Веспрем успеа да намали на минус еден во последните десетина минути, 25-24, но немаше сили за комплетен камбек.
Мелер, Кнор и Бјорнсен ја завршија работата, Алборг отиде на плус пет и радоста на данскиот првак почна. Брилијантен на голот на Алборг беше Норстен со 18 одбрани, а Арнолдсен даде девет гола, додека кај Веспрем, осум гола постигна Ремили, но со лош процент на реализација.
Португалскиот шампион Спортинг Лисабон го шокираше Динамо среде Букурешт и ги освои двата бода, 33-30.
Предводници на Спортинг Лисабон беа браќата Кошта со 15 погодоци во домашната мрежа, додека голманите на португалскиот тим Кристенсен и Али комбинираа 12 одбрани. Во составот на Динамо Букреушт, Лангаро и Акименко имаа по пет гола.