Веспрем менува политика – во иднина сака што повеќе Унгарци во составот

Веспрем во последните неколку сезони е легија на странци, носи квалитетни тренери и играчи, но ниту еднаш во многуте обиди не успеваше да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Момир Илиќ на клупата беше заменет со Чави Пасквал, а клубот се засили со двајца Хрвати – пикерот Никола Граховац и средниот бек Лука Циндриќ. И во новата сезона единствен Унгарец во составот ќе биде дефанзивецот Патрик Лигетвари.

Спортскиот директор на Веспрем, Ласло Наѓ, во интервју за „Вехир“, вели дека во иднина тоа ќе се промени и основата на тимот ќе бидат унгарски репрезентативци.

„Ако Хамбург не добиеше лиценца за Бундес лигата, ќе имавме шанси да го вратиме назад Зоран Илиќ. Не сме се откажале од него, ќе видиме што ќе биде наредната сезона. Се очекуваме камбек на сите позајмени играчи. Покра Герго Фазекаш од Висла Плоцк, во Веспрем ќе се вратат и Петер Лукач од Елверум, Криштоф Палашич и Кристијан Миклер. Се надевам дека низ позајмиците ќе успеат да стекнат искуство за да станат носители на играта во нашиот тим“, изјави Наѓ.

Ова лето Веспрем го напуштија Јахја Омар, Кентан Мае и Андреас Нилсон. Унгарскиот гигант е ривал на Еурофарм Пелистер во групата од Лигата на шампионите.