Унгарскиот гигант Веспрем го промовираше најновото засилување за клубот од идното лето – десното крило Бенце Имре.
Тој доаѓа од бундеслигашот Кил каде ја одработува втората сезона, но „зебрите“ не му понудија нов договор.
Веспрем и Имре потпишаа договор за соработка на четири сезони, па тој би требало да остане до 2030 година и ќе го сочинува тандемот со Французинот Јанис Лене.
Конечно Патрик Лигетвари, кој со години беше единствениот Унгарец во Веспрем, добива унгарско друштво.

























