Шпанскиот репрезентативен голман Родриго Коралес на крајот од сезоната ќе ја заврши својата етапа во Веспрем, откако одлучи да не го продолжи договорот кој истекува. Од сезоната 2026/27 тој ќе настапува за нов клуб.
Коралес пристигна во Веспрем во јули 2020 година и во изминатите пет сезони беше еден од клучните играчи на тимот.
Со унгарскиот гигант освои три шампионски титули во првенството, четири пати триумфираше во Купот на Унгарија и стигна до трофеј на Клупското светско првенство.
Tој сега ќе брани во пар со Микел Апелгрен, кој исто така наредното лето си оди од унгарскииот гигант, а доаѓа можеби најдобриот светски голман во моментов, Емил Нилсен.