Веспрем ќе го испрати Палмарсон во пензија со ревијален меч на Исланд

Арон Палмарсон, кој ова лето ја заврши својата професионална кариера, ќе го одигра својот проштален натпревар на 29 август, кога на Исланд ќе се сретнат унгарскиот Веспрем и Хафнајфјордур.

Според програмата на Веспрем за месец август, тимот ќе пристигне во Исланд на 26 август, каде ќе одржи четиридневни подготовки, а како завршница на престојот, ќе настапи на свечениот проштален натпревар за Палмарсон. Покрај самиот меч, се најавува и богата програма за публиката.

Палмарсон беше дел од Веспрем минатата сезона, како и во периодот од 2015 до 2017 година, освојувајќи три шампионски титули со клубот.

Поради здравствени причини, не успеа да се прости од клубот и навивачите во пролетта, кога го пропушти последното финале против ПИК Сегед на домашен терен.