Веспрем ја прослави 29. титула во Унгарија!

Унгарскиот гигант Веспрем ја доби финалната серија со големиот ривал ПИК Сегед со 2-1 и ја прослави 29. титулата во историјата.

Веспрем во мајсторката во преполната „Веспрем Арена“ славеше со 34-31, откако и на паузата имаа плус два, 17-15.

Во вториот дел ПИК Сегед се врати во егал, дури и поведе, но во клучните моменти немаше решение за Фабрегас и Косоротов, кои со по седум гола беа најдобрите стрелци кај победникот.

Кај ПИК Сегед се истакна Шоштариќ со седум гола, но тој промаши два пати во финишот кога се кршеше резултатот.

Веспрем обезбеди директно место во Лигата на шампионите, додека ПИК Сегед ќе бара вајлд-карта.