Унгарскиот гигант Веспрем ја доби битката за потписот на хрватскиот репрезентативец Иван Мартиновиќ, пишува „Германијак“.
Според хрватскиот медиум, десниот бек на Рајн Некар Левен ќе си замине од Манхајм по истекот на договорот во 2026 година.
Покрај Веспрем, во битка за потписот на Мартиновиќ беа и големиот конкурент од унгарскиот шампионат, ПИК Сегед, но и бундеслигашот Фленсбург.
Мартиновиќ oд 2018 година по трансферот од Фиверс Маргаретен игра во Бундес лигата, каде ги носеше дресовите на Гумерсбах, Хановер и Мелсунген.
Потписот за Веспрем значи дека хрватскиот репрезентативец по осум сезони ќе ја напушти Германија и ќе заигра во унгарскиот шампионат и во Лигата на шампионите.