Веспрем го торпедира Динамо, Фуксе Берлин во последната секунда ја сруши Висла!

Ракометарите на Веспрем по титулата на Светското клупско првенство, продолжија со одличните игри и во Лигата на шампионите, откако на домашен терен го совладаа Динамо Букурешт со убедливи 36-24.

По 4-4 на стартот на мечот, Веспрем направи серија од шест гола, и веќе немаше назад за романскиот шампион. До крајот на полувремето домашните имаа залиха од осум погодоци, 19-11.

Во вториот дел расположениот голман Коралес со 12 одбрани, како и Ремили со шест, односно Косоротов и Деска со по пет погодоци, го дотолчија Динамо, во кој се истакнаа Лангаро со пет и Кашпарек со четири гола.

Фуксе Берлин имаше проблеми со Висла Плоцк, но на крајот успеа да прослави триумф со 25-24, откако левото крило Џери Толбринг погоди на три секунди до крајот. Полскиот шампион одржуваше егал во текот на целиот прв дел, а во второто полувреме водеше и со плус два, 15-13.

Но црвен картон доби Давижик, Гидсел и Виде поведоа серија на „лисиците“, па домашните на десетина минути до крајот поведоа с 20-17. Намали Висла на 23-22, Рајхман промаши пенал и потоа Јанц израмни кога остануваа да се играат уште 120 секунди.

Гидсел и Цокан постигнаа по гол за ново реми, и за Фуксе Берлин останаа 15 секунди. Домаќините организираа напад, а херој за двата бода беше Толбринг, која на три секунди го даде победничкиот гол.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ14120224
2ФУКСЕ БЕРЛИН1490518
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1490518
4СПОРТИНГ1482418
5ДИНАМО БУКУРЕШТ1460812
6ВИСЛА ПЛОЦК1451811
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР143298
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА1411123
ПозЕкипаНПРЛБ.
1БАРСА14102222
2АЛБОРГ1482418
3НАНТ1473417
4МАГДЕБУРГ1461713
5ПИК СЕГЕД1461713
6КЕЛЦЕ1451811
7КОЛСТАД1451811
8ППД ЗАГРЕБ1431107