Останува традицијата од последните 6 години, во кои Веспрем секогаш победувал на домашен терен против ПСЖ, овојпат 32-24 (15-9). За Унгарците ова е 11 триумф во меѓусебните дуели во 20 дуел.
Врзаа домашните серија од три победи по ред во меѓусебните средби, а во септември 2024 година и највиоската предност од 41-28. Ова е втора највисока победа на Веспрем во меѓусебните дуели со ПСЖ.
Не дозволи Унгарскиот тим да му се повтори дуелот со Алборг од почетокот на март кога загуби, зашто сега во осминафиналето на ЛШ нема веќе поправен. Се играат две средби, и победникот потоа во четвртфиналето ќе игра со Берлин. Предноста од Веспрем ќе се брани следниот викенд.
Гостите од Париз уште во 15 минута мораа да бараат „минута одмор“ откако Веспрем поведе со 8-3. Таа разлика од пет гола остана до крајот н апрвиот дел, а во 26 минута Мартиновиќ првпат зголеми на „плус 6“ за водство 13-7. Имаа и 15-8 домашните, и три удари во последната минута од првото полувреме за потврда на највиското водство, но двапати Циндриќ и еднаш Зенелабидин не погодија па остана резултатот 15-9.
Онаму каде застана Веспрем, таму продолжи во второто полувреме. Веднаш дојде предност од седум гола (18-11). И со играч помалку домашните реализираа за 22-14, што е највисока предност до тој момент за Веспрем, во 40 минута од натпреварот. Потоа дојде и „плус 9“, за 23-14.
Во 49. минута црвен картон доби Петрус во тимот на Веспрем по грубиот старт над Пранди. Тој беше момент кој донесе пресврт, и ПСЖ успеа да го намали резултатот на „минус 6“ на 25-19 и 26-20. Последните пет минути од мечот предноста на домашните беше 27-21, а гостите побараа тамаут за да најдат начин како да ја продолжат серијата што им донесе топење на предноста.
Себастијан Карлсон од „мртов агол“ не погоди, односно Апелгрен одбрани па Хешам во напад зголеми на 28-21. По исклучувањето на Лигетвари, гол постигна Сипжак намалувајќи на 29-23. Имаа домаќините можност да отидат на повсиока предност, но Пешмалбек не реализираше, и во последните 30 секунди ПСЖ побара тајмаут и имаа напад. Пранди направи техничка грешка, па Веспрем ја доби можност со погодок да го заврши мечот. Остануваа уште 14 секунди до крај.
Хешак со гол го запечати резултатот, за победа од 32-24.


























