Унгарскиот гигант Веспрем денеска го официјализираше одамна најавениот трансфер на клупата.
Шпанскиот стратег Чави Пасквал е новиот тренер на Веспрем и се обврза на договор од четири сезони.
Пасквал доаѓа од романскиот Динамо Букурешт каде работеше минатите две сезони по заминување од Барселона.
Тој ќе седне на жешката клупа на Веспрем, каде досега беше Момир Илиќ и ќе заработува 30.000 евра месечно.
Унгарскиот првак му плати оштета на Динамо Букурешт од 200.000 евра, кој пак го ангажираше екс стратегот на Веспрем, Давид Дејвис.