Веспрем го комплетира голманското дуо за идната сезона – Апелгрен ќе брани со Нилсен

Шведскиот голман Микаел Апелгрен, ќе остане во унгарскиот гигант Веспрем и наредната сезона.

Тој дојде летово од Рајн Некар Левен, потпиша договор на 1+1, раководството е задоволно од неговите партии, па Швеѓанецот ќе остане и во наредната сезона.

Во Веспрем идното лето доаѓа данскиот репрезентативен голман Емил Нилсен, па унгарскиот првак ќе има скандинавско дуо меѓу стативите.

Шпанецот Родриго Коралес, кој оваа сезона со Апелгрен го брани голот на Веспрем, на лето се враќа во францускиот ПСЖ.