Унгарскиот гигант Веспрем објави дека се продолжени соработките со тројца од ракометарите од актуелниот играчки ростер.
Францускиот десен бек Недим Ремили ќе остане во Веспрем најмалку до 2029 година, откако пред две сезони дојде од полскиот Келце.
Некогашниот ас на Металург и Вардар, Лука Циндриќ, ја продолжи соработката со унгарскиот гигант до 2028 година.
Дефанзивецот Тијагуш Петруш, кој ова лето дојде од Барселона, потпиша на уште една сезона и ќе го носи дресот на Веспрем до 2027 година.