Веспрем гази се пред себе – го штиклира и ПСЖ

Унгарскиот шампион Веспрем и покрај тоа што веќе го имаше обезбедено првото место на табелата и место во четвртфиналето, не запира со победите во Лигата на шампионите.

Избраниците на Чави Пасквал триумфираа на гостински терен кај францускиот ПСЖ со 37-33, откако ја имаа контролата на теренот во текот на сите 60 минути.

Домаќините водеа само на стартот со 1-0, а потоа се беше во знакот на унгарскиот шампион. Голманот Коралес запиша 12 интервенции против поранешниот клуб, Маргуч имаше шест реализации, а по пет пати погодија Косоротов и Ремили.

Веспрем најчесто имаше предност од три до пет гола, а последните десетина минути ПСЖ преку Шипжак на два пати се закани и намали на минус еден.

Сепак немаше сили за комплетен камбек и сега во последното коло ќе мора да победи во Битола и да се надева на триумф на Висла против Спортинг, но и на триумф на Веспрем над Фуксе за да го освои второто место и директното место во четвртфиналето.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ13120124
2СПОРТИНГ1381417
3ФУКСЕ БЕРЛИН1380516
4ПСЖ ХЕНДБОЛ1380516
5ВИСЛА ПЛОЦК1350810
6ДИНАМО БУКУРЕШТ1350810
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР133288
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА1311113