Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од шестото коло во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер во Битола ќе го пречека унгарскиот гигант Веспрем, а арбитражата им е доверена на српски судии.
Дуелот меѓу македонскиот и унгарскиот шампион ќе го судат Марко Секулиќ и Владимир Јовандиќ, додека делегат е Марко Бранди од Италија.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Веспрем ќе се игра на 24 октомври со почеток во 20:45 часот.