Египетскиот среден бек Јахја Ел Дера најверојатно ја заврши сезоната, откако се повреди на дуелот од Лигата на шампионите против данската Фредериција.
Според информациите од Унгарија, станува збор за скинати предни вкрстени лигаменти, а тоа значи долга пауза за „фараонот“.
Тој беше изнесен на раце од теренот и уште тогаш беше јасно дека се работи за сериозна повреда што ќе го оддалечи од теренот.
Ова значи дека Ел Дера ќе го пропушти остатокот од сезоната и Египет нема да смета на неговите услуги за Мундијалот во 2025 година.