Германските тимови во Лига на шампионите се единствените без пораз сезонава, а Берлин сепак ја забележа 9. победа иако имаше сериозен предизвикувач во Веспрем, во мечот на колото. „Лисиците“ триумфираа со 38-34 и тоа најмногу благодарение на пресвртот во второто полувреме кога од негатива, 25-27 направија водство, 30-28, и истото го задржаа со крај.
На крај предноста беше со четири гола ставајќу му печат на „распадот“ на Веспрем, иако Унгарците се држеа, во првото полувреме имаа и водство, ама не успеаја да го задржат. Двете екипи ги задржаа местата кои и досега ги имаа на тебелата. Берлин е прв со 18 бода, а Веспрем е третопласиран со 10.
Берлин направи серија од три победи по ред, а Веспрем не успеа да ја продолжи традицијата на победува во Германија, како што тое беше на претходните две средби.
Ласе Андерсон кој беше избран за играч на натпреварот даде 10 гола од 15 обиди, а Тим Фреихофер гола од 9 обиди. На другата страна Уго Дескат погоди 8 пати, а Недим ремили стрелаше 6 пати прецизно.


























