Веспрем активира уште две бомби – Нилсен и Јоргенсен потпишаа до 2029!

Унгарскиот гигант Веспрем, покрај промоцијата на десниот бек Иван Мартиновиќ и голманот Микел Апелгрен, обелодени уште двајца ракометари кои ќе дојдат во клубот, но од идното лето.

Станува збор за данските репрезентативци – голманот Емил Нилсен и кружниот напаѓач Лукас Јоргенсен.

Ѕвездата на Барселона и еден од најдобрите голмани во моментов, се обврза на договор на три сезони, исто како и неговиот репрезентативен колега.

Исто како и Нилсен и Јоргенсен, Хрватот Мартиновиќ ќе остане во Веспрем до 2029 година, додека договорот со Апелгрен е само на една сезона.

Покрај Апелгрен и Мартиновиќ, Веспрем ова лето се засили со Ахмед Хешам, Aхмед Адел, Али Зеин, Тиагуш Петруш, Јанис Лен, како и уште тројца од младинскиот погон.