Некогашниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Веселин Вујовиќ, ќе има нов голем предизвик во кариерата.
Според информациите на 24Ракомет, Вујовиќ и Нексе ги договараат финалните детали од договорот, кој треба да стапи на сила веднаш.
Нексе беше во потрага по решение за клупата откако минатата недела се раздели со Бранко Тамше кој три сезони го водеше хрватскиот вицепрвак.
Вујовиќ последниот ангажман го имаше на клупата на Иран, а сега ќе му се врати на клупскиот ракомет.
Нексе има големи амбиции оваа сезона во Лигата на Европа и во домашното првенство, а се засили со играчи од типот на Безјак, Јотиќ, Гаџа…