Верувале или не – променија четворица тренери сезонава!

Веќе не е вест дека Црвена Ѕвезда менува тренер, но кога тоа ќе се случи четврти пат во една сезона, тогаш тоа е за рубриката „верувале или не“. Во моментот кога се чинеше дека Владица Стојановиќ ќе остане подолго време на клупата, сепак стигна информацијата дека тој не е повеќе тренер.

Тој се обиде да го препороди тимот, но на пет меча забележа само една победа, а капак на се беше поразот од Обилиќ.

На местото на Стојановиќ доаѓа некогашното десно крило на Куманово, потоа на Целје, Ваљадолид…Жикица Милосављевиќ, кој до неодамна работеше во Кувајт.

Претходно сезоната ја почна Марко Кривокапиќ, потоа работеше неговиот асистент Ненад Пуљезевиќ, пред да дојде Стојановиќ.

Сепак тимот од почетокот на сезоната остана без шест играчи, меѓу нив и капитенот Драшко Ненадиќ, кој замина во Шпанија, па останаа млади ракометари кои очигледно не се доволно подготвени за битки со поискусните ривали за место во плеј-оф.