Верност до 2026: Ангелески и Тренчевски со нови договори со Прилеп

Ракометниот клуб Прилеп продолжува со формирање на ростерот за новата сезона во Суперлигата, а денес официјално објави дека двајца клучни ракометари остануваат во клубот и во наредните две сезони.

Иван Ангелески, голман на прилепскиот состав, и Александар Тренчевски, искусен кружен напаѓач, потпишаа нови договори до 2026 година и ќе продолжат да ги бранат боите на Прилеп.

Ангелески останува опција меѓу стативите, додека Тренчевски и натаму ќе ја предводи борбата на линијата од шест метри – позиција од исклучително значење во нападот на Прилеп.

Претходно клубот ги потврди продолжувањата на Владо Кастратовиќ, Томислав Квастек и Денис Шабановиќ, а нови засилувања се Црногорецот Божидар Лековиќ и Грузиецот Сандро Дарсанија.