Селекциите на Велика Британија и Кипар го направија првиот чекор кон место во квалификациите за ЕП 2028, откако завршија на првите две места на квалификацискиот турнир во Варна, Бугарија.
Велика Британија имаше две победи и едно реми со Бугарија, кое беше клучно за првото место во групата.
Ове две селекции се пласираа во „меѓу фазата“, во која ќе играат шест репрезентации, а меѓу нив ќе биде и освојувачот на ИХФ трофејот на натпреварувањето за мали земји кој ќе се одржи во март.
Останатите три репрезентации ќе бидат најслабите три од квалификациите за ЕП 2026.
Шесте селекции ќе играат три бараж меча, а победниците ќе обебедат место во квалифиакциите за ЕП 2028 што ќе се одржи во Швајцарија, Шпанија и Португалија.