Велешки квартет во Радовиш – потпиша и Илија Табаков

Тимот на Радовиш полека го склопува играчкиот ростер пред стартот на новата натпреварувачка сезона во Супер лигата.

Најново име во составот на радовишани е левиот бек Илија Табаков, па сега има велешки квартет во овој тим.

Табаков ќе ја зголеми велешката колонија во Радовиш, откако претходно со клубот се договорија десното крило Мартин Димов, голманот Даниел Ацев и левиот бек Филип Сиљанов.

Левиот бек Табаков потекнува од велешката ракометна школа, еден период од кариерата мина во Бутел Скопје, пред да се врати во родниот град каде играше за Борец ФЛ.