Тимот на Радовиш полека го склопува играчкиот ростер пред стартот на новата натпреварувачка сезона во Супер лигата.
Најново име кое би требало да го засили составот на Спасе Ѓорѓиев и Александар Долдуров е голманот Даниел Ацев.
Македонскиот чувар на мрежата минатата сезона беше дел од грчкиот второлигаш Амфикитонес Ламиа.
На домашната сцена, Ацев настапуваше за Охрид, Бутел Скопје, Голден Арт, Вардар Неготино, Шампион, а своите почетоци ги имаше во Борец.
Ацев ќе ја зголеми велешката колонија во Радовиш, откако претходно со клубот се договорија десното крило Мартин Димов и левиот бек Филип Сиљанов.