Велешани со уште двајца странци ќе бркаат опстанок

Тимот на Борец ФЛ ги потврди најавите на 24Ракомет и ги официјализираше потписите на две странски засилувања.

Како што најави 24Ракомет, нови имиња во Велес се бразилскиот пивотмен Пабло Антунес и српскиот голман Александар Ѓурѓевиќ.

За Антунес настапите во македонската Супер лигата ќе бидат прво интернационално искуство.

Голманот Ѓурѓевиќ беше дел од академијата на Веспрем, запиша настапи и за првиот тим на унгарскиот гигант, а настапуваше и за унгарскиот Комло, норвешкиот Фјелхамер и францускиот Валанс.

Претходно на велешкиот клуб пристигнаа хрватскиот лев бек Бариша Цвитановиќ, бразилскиот десен бек Габриел Гуедеш, Синиша Павлов, Бобан Петров  и Марио Миланов, додека клубот го напуштија Тоше Ончев, Ивица Илиев и Славјан Паунов.

Во Борец ФЛ доаѓа голман кој ја мина школата на Веспрем!

Се зголемува бразилската колонија во Македонија