Тимот на Охрид го очекува тешко гостување кај шампионот Еурофарм Пелистер, што ќе биде трето по ред гостување по оние кај Вардар и во Автокоманда.
Десниот бек Предраг Вејин вели дека неговиот тим оди на победа во Битола и тврди дека екипата се уште не го покажала најдоброто што може.
„Не очекува многу голем предизвик како нас, така и нив. До сега покажавме дека одигравме добри натпревари во Автокоманда и против Вардар, но и во Битола ќе одиме на победа. Мислам дека имаме потенцијал да се надеваме на тоа, иако впечатокот е дека сеуште екипата не го има покажано целиот потенцијал, но работиме секојдневно“, изјави Вејин.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид се игра вечерва со почеток во 18:00 часот.