Тренерот во ЖРК Вардар, Марија Папуџиева потенцира дека критериумите кои ги имаме за добивање спортски ваучер имаат и тоа какво влијание врз квалитетот при создавањето на идните ракометни генерации.
Папуџиева смета дека покрај Женската Супер лига, треба да има и Прва лига во женска конкуренција.
„Од една страна признавам – ако го нема тој ваучер, јас нема да имам работа како тренер, но од друга страна сите чекаат на ваучерот, а поради него немаме квалитет. Критериумите дозволуваат мене ако ми текне да си отворам школа со младински погон, кој притоа финансиски нема многу да ме чини, и ќе освојам прво, второ, трето место и ќе можам да земам ваучер за школата. Ме интересира кој е фит-бекот од таа работа? Каде се играчите и генерациите кои ги создаваме? Тука е проблемот, сè е на квантитет, а квалитет нема во тоа. Целата ситуација е разочарувачка за девојчињата и мислам дека и затоа предвреме се разочаруваат, се откажуваат – нема што да ги мотивира. Не мислам само финансиски, туку конкретно – квалитетот на Лигата. Разликата е огромна, небо – земја, или победуваш со 20 разлика или губиш со 20 разлика. Индира убаво вели дека е подобро е да имаме Суперлига со шест екипи кои имаат пари и знаат дека може да го издржат првенството, а имаат и квалитет за добри, силни натпревари. Другите клубови да играат во Прва лига, ама тоа не им одговара на повеќето.“
Повеќе од разговорот со Папуџиева прочитајте во викенд-интервјуто…
ИНТЕРВЈУ МАРИЈА ПАПУЏИЕВА: На женскиот ракомет му е потребен нов Самсоненко за да „живне“