Ракометарките на Вардар прославија уште една лесна победа во Женската лига, откако на свој терен беа подобри од Деспина со 39-18.
И овој како и многу натпревари од Женската лига беше решен уште во првото полувреме, кога домашните направија солидна залиха од 17-9. Во вториот дел уште повеќе беше надигран противникот за на крајот победата да биде со 21 погодок.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Леона Миленкоска со осум гола, додека по шест погодоци имаа Сара Богојеска и Јана Поповска. Во составот на Деспина по пет пати во листата на стрелците се запишаа Сања Цветкоска и Анастасија Јованоска.
Слично како и Вардар, така и Металург Автокоманда оствари убедлива победа над битолски Пелистер со 28-17. Избраничките на Јулијана Дамчевска во првиот дел примија само шест гола, а дадоа 15 и најавија дека ќе стигнат до лесни два бода.
Битолчанки не се откажуваа, во вториот дел намалија на минус пет во два наврати, но немаа сили, а немаше ниту време за нешто повеќе на овој натпревар.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Марија Јанкуловска со девет и Борјана оцева со шест гола, додека кај Пелистер, по пет пати во листата на стрелците се запишаа Наталија Дишковска и Јована Конева.