Ракометарките на Вардар ја забележаа втората победа во новата сезона од Женската лига, откако славеа на домашен терен против Овче Поле СУ со 45-23.
Убедливиот триумф на избраничките на Александар Царчев беше најавен уште по првото полувреме кое вардарки го добија со 23-12.
Во вториот дел шанса за настап добија сите ракометарки од клупата, но и предноста на домаќинките беше удвоена.
Најдобри во домашниот состав беа Сара Стефаноска, Симона Василева и Ивона Трпевска со по осум гола.
Во гостинската екипа на Овче Поле Славјански Универзитет се истакнаа Јована Конева со шест, како и Вучевска, Стаменкова и Ангеловска со пет погодоци.