Покрај македонските и српските репрезентативци од редовите на Вардар кои ќе се борат за место на СП, уште еден „црвено-црн“ ракометар ќе се обиде да стигне на Мундијалот.
Тоа е Хансер Родригез, кој доби повик од селекцијата на Куба, за настап на првенството на Северна Америка и Кариби.
Покрај Куба, на овој шампионат што ќе се игра од 6 до 12 мај, ќе учествуваат и домаќинот Мексико, Гренланд, Канада, Порторико и САД.
Со оглед на тоа што САД веќе има обезбедено на СП 2025 преку вајлд-карта, па ако биде прво место, и вториот ќе се пласира во Хрватска, Норвешка и Данска.