Десното крило на Вардар, Мигел Пинто, доби повик од португалскиот селектор Паоло Переира за ЕХФ неделата.
Пинто добро ја започна сезоната во „црвено-црниот“ тим, па заслужено ќе биде дел од националниот тим.
Неколкумина стандардни како Мартим Кошта, Алешандре Калваканти, Антонио Ареиа…нема да бидат дел од овој собир.
Португалија ќе игра против Египет две пријателски средби на 30 октомври и 1 ноември на домашно тло.



























