Македонија загуби од Холандија со 37-32 во натпревар кој се претвори во тензичен на самиот крај поради судиските одлуки.
Кружниот напаѓач на „лалињата“, Ларс Коиј, кој игра за Вардар, најдобро од сите Холанѓани го познава македонскиот менталитет.
„Тоа е сосема поинаков свет и култура. Сè што прават e со голема страст, дури и во некоj разговор ќе помислите дека се бесни едни на други, но тоа е сосема нормално за нив. Сепак тие се отворени и пријателски луѓе, но во спортот, секогаш сè е прашање на живот или смрт. Ако победиш си Господ, но по секој пораз си никој и ништо. Нe го разбирам јазикот и не знам што викаат, но можам да кажам дека се фрла со најразлични предмети кон играчите. Во Македонија атмосферата е фантастична, игравме дерби во Скопје пред 4.000 навивачи, тоа беше специјално и прекрасно искуство“, изјави Коиј за холандски „Телеграф“.
Следен предизвик за Холандија во битка за првото место ќе биде селекцијата на Унгарија, додека Македонија ќе се сретне со Гвинеја за да го завери пласманот во главната рунда.