Вардарецот Николас Боно доби репрезентативен повик

Средниот бек на Вардар, Николас Боно, доби репрезентативен повик од селекторот Родолфо Јунг за престојниот собир на националниот собир на Аргентина.

Боно е еден од трите плејмејкери на списокот на Јунг заедно со Херардо Корити од бразилскиот Таубате и Мартин Јунг од францускиот Иври.

Аргентина се подготвува за првенството на Средна и Јужна Америка во јануари, а во рамките на тие подготовки ќе играат на домашниот турнир.

Покрај „гаучосите“ на претстониот подготвителен турнир во Буенос Аирес, ќе играат Бразил, Мексико и Чиле.