Вардарецот Митровиќ најефикасен против светскиот првак, Словенија се врати од бездна!

 

Се комплетираше првото коло од Светското првенство за младинци што од денеска до 29 јуни ќе се одржува во Полска.

Најголемото изненадување се случи на мечот од групата на Македонија, каде Романија предводена од левиот бек Станчиук со 11 голови го шокираше Исланд и го совлада со 29-25.

Португалија, Хрватска, Шпанија, Шведска, Данска, Египет, Полска, Франција…сите стартуваа со очекувани победи.

Актуелниот светски првак Германија се намачи против Србија и славеше со 30-29, иако Србите предводени од новиот вардарец Урош Митровиќ со седум гола, водеа со 26-24 во последните десетина минути.

Словенија губеше од Норвешка со 8-1, потоа во текот на мечот и со осум голови разлика, но на крајот успеа да извлече реми, 33-33 со голот во последните секунди.

СП младинци, резултати, 1 коло:

група Д
Португалија – Алжир 33-21
Хрватска – Канада 44-20

група Х
Шпанија – Бахреин 40-19
Египет – Саудиска Арабија 35-30

група Б
Австрија – Аргентина 29-23
Унгарија – Бразил 29-24

група Ф
Исланд – Романија 25-29
Македонија – Фарски Острови 28-33

група А
Норвешка – Словенија 33-33
Полска – Уругвај 39-16

група Ц
Шведска – Јужна Кореја 44-31
Јапонија – САД 41-33

група Е
Данска – Мароко 43-31
Франција – Мексико 46-17

група Г
Тунис – Швајцарија 31-41
Германија – Србија 30-29