Еден од најдобрите стрелци на Вардар на стартот на сезоната, Ашраф Маргели, доби репрезентативен повик од Тунис.
Десниот бек ќе настапи за туниската репрезентација во рамките на ЕХФ неделата на пријателски турнир во Кувајт.
Покрај домаќинот Кувајт и Тунис, на овој турнир ќе настапат и селекциите на Зеленортските Острови и Бахреин.
Тунис се подготвува за настапот на Светското првенство 2025 година, а ќе биде во група со Италија, Данска и Алжир, и ќе има големи шанси да се пласира во главната рунда.