Членот на Вардар, Косуке Јасухира, и неговиот привремен тим Кадсија од Кувајт, обезбедија место во полуфиналето на Азискиот клупски шампионат.
Таму за ривал го имаат Калеј од Саудиска Арабија, кој во ростерот го има Петар Ненадиќ, а таму игра и екс членот на Барса, Јусуф Бен Али.
Кадсија отвори со пораз во групната фаза од Ал Шарџа со 30-28, а Јасухира имаше 2 два гола на овој меч.
Потоа следуваа четири победи на тимот од Кувајт – против Шабаб од Либан со 32-25, меч на кој блескаше Јасухира со 11 гола од 11 обиди, против Ал Џаиш од Ирак со 25-23 (1 гола), против Ал Араби од Катар со 27-25 (3 гола) и против Спортс Ауторити од Индија со 39-19 (1 гол).
Во второто полуфинале ќе се сретнат уште еден тим од Кувајт, Ал Кувајт, каде што брани екс вардарецот Али Сафар и тимот на Ал Араби од Катар, чиј член е уште еден екс вардарец, Леонардо Дутра Фереира.