Вардарци во втор шешир – еве кои им се можни ривали!

Европската ракометна федерација објави дека во новата сезона во Лигата на Европа се пријавија 44 екипи, а 20 од нив добија директно место во групната фаза.

Меѓу нив и вицепрвакот Вардар, кој ќе биде рангиран во вториот шешир, барем според првичниот рејтинг објавен од страна на ЕХФ.

Во оваа фаза важи правилото дека не може две екипи од иста земја да бидат во иста група, па веројатно ќе има повеќе „разместувања“ по групи, отколку ждрепка.

„Сино-белите“ од Автокоманда својот ривал ќе го дознаат на 15 јули, додека Вардар ќе дознае против кои екипи ќе игра во групата на 18 јули.

Лига на Европа, мажи:

квалификации (30/31 август – 6/7 септември)

шешир 1: Хановер (Германија), Мадеира (Португалија), Торелавега (Шпанија), Морс (Данска), Берн Мури (Швајцарија), Малме (Шведска), Сесвете (Хрватска), Стјарнан (Исланд), Хробри Глогов (Полска), Горење Велење (Словенија), Брага (Португалија)

шешир 2: Криенс Луцерн (Швајцарија), Карлскрона (Шведска), Дуго Село (Хрватска), Сен Рафаел (Франција), Бидасоа Ирун (Шпанија), Скандерборг (Данска), Чаковец (Хрватска), Савехоф (Шведска), Баја Маре (Романија), Алкалоид (Македонија), Елверум (Норвешка)

специјални квалификации: Партизан (Србија) – Бањик Карвина (Чешка)

групна фаза (14 октомври – 2 декември)

шешир 1: Фленсбург (Германија), Мелсунген (Германија), Монпелје (Франција), Порто (Португалија), Гранољерс (Шпанија), Фредериција (Данска), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Кристијанштад (Шведска)

шешир 2: Нексе Нашице (Хрватска), Потаиса Турда (Романија), Фрам (Исланд), Ференцварош (Унгарија), Вардар (Македонија), Островија (Полска), Татран Прешов (Словачка), Слован Љубљана (Словенија)

шешир 3: Кил (Германија), Тулуз (Франција), Адемар Леон (Шпанија), Бенфика (Португалија) + четири тима од квалификации

шешир 4: осум тима од квалификации

Ждрепката за квалификациите ќе се одржи на 15 јули, додека за групната фаза на 18 јули.

 

Два мак-тима во Лигата на Европа, Вардар ќе игра директно во групите!