Вардарци триумфално ја завршија групата и пренесуваат 2 бода во Главната фаза

Вардар со победа ја заврши групната фаз аод Лига Европа, откако во 6. коло го победи Тулуз со 37-35 (16-18). Играа вардарци, но во мислите им беше мечот во Шведска каде Кристијанштад и Сесвете играа, и од тој меч зависеше колку бодови ќе пренесе Вардар во следната фаза. Но, Кристијанштад победи, па вардарци ќе пренесат два бода во Главната фаза.

Дуелот во Скопје немаше резултатско значење, бидејќи Вардар веќе имаше обезбедено место во Топ-16, а Тулуз немаше никакви теоретски шанси да биде втор. Но, и покрај тоа македонскиот тим мораше да ја одржи формата, бидејќи му следува за две недели дерби против Еурофарм Пелистер, па требаше да се биде „топ“.

Кога „црвено-црните“ во 50 минута поведоа првпат со три гола, 32-29 тоа беше знак дека веќе нема да има дилеми. Отпорот на Французите беше „скршен“. Так и беше, затоа што во 55 минута Вардар веќе имаше предност од 36-31, па гостите мораа да бараат тајмаут.

Во самата завршница на првото полувреме Тулуз успеа да направи предност од два гоал, а добрата игра продолжи и во вториот дел, кога во неколку наврати имаа предност од „плус 3“. Последен пат Тузлуз водеше со 22-19, по што Вардар почна да ја топи предноста.

Почнаа Иван Чупиќ со Марио Стојановски и Ален Ќосевски на крилата. Цел меч меѓу стативите беше Васил Гогов, а сите добија соодветна минутажа и имаше ротација.
Гостите тргнаа добро, се играше брз ракомет без многу притисок. Во таква игра Тулуз во 12 минута водеше со 7-6 а Чупиќ веднаш бараше тајмаут. Но, се играше „гол за гол“, Вардар водеше, а Тулуз израмнуваше, со до пред крај на полувремето кога од 16-15 за Вардар, Французите направија пресврт и поведоа со 18-16.

Јака Малус даде 9 гола од 12 шута, а Дмитро Хорига постигна 8 гола, а Урош Митровиќ постигна 5 гола. Кај гостите, Перез даде 7 гола, а Илиќ погоди 6 пати.