Вардарци со четири трофеи досега, пелистерци имаат два – историјат на Супер Купот

Кавадарци ќе биде домаќин на осмото издание на Супер Купот на Македонија во машка конкуренција, а во битката за трофејот ќе се соочат двете најдобри наши екипи – Вардар и Еурофарм Пелистер.

Досега Вардар има освоено четири трофеи во ова натпреварување со кое стандардно се отвора новата сезона, додека битолчани славеа два пати.

На премиерното издание во 2017 година кое се играше во СЦ „Јане Сандански“, трофејот го освои Вардар со победа над некогашниот Еурофарм Работник. Скопје бил два пати домаќин, додека покрај главниот град, Супер Купот се играше и во Струга, Куманово, Охрид, Струмица и Гевгелија, а за првпат домаќин ќе биде Кавадарци.

Интересно е што еднаш се играше и на отворено, на игралиштето „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа во Струга.

Во досегашните дуели на двете најдобри екипи, двапати славеше Вардар, а еднаш Еурофарм Пелистер. „Црвено-црните“ последен пат освоија трофеј во 2023 година, а пелистерци во 2022 година.

Супер Куп на Македонија, досегашни изданија:

2017, Скопје, Вардар – Еурофарм Работник 30-25
2018, Струга, Вардар – Металург 33-24
2019, Куманово, Вардар – Металург 26-24
2020, не се одржа
2021, Скопје, Вардар – Еурофарм Пелистер 22-31
2022, Охрид, Вардар – Еурофарм Пелистер 22-23
2023, Струмица, Еурофарм Пелистер – Вардар 26-30
2024, Гевгелија, Еурофарм Пелистер – Алкалоид 30-33
2025, Кавадарци, Вардар – Еурофарм Пелистер ???