Македонскиот вицепрвак Вардар, кој сезонава игра одлично на домашна и меѓународна сцена, веќе го крои ростерот за наредната сезона во која ќе влезе со уште поголеми амбиции.
Како што објави „Handballia“, на мета на Вардар е хрватскиот лев бек Леон Љевар, кој во моментов игра за словенечкиот првак Слован Љубљана и во шесте меча од групната фаза во Лигата на Европа даде 44 голови.
Левиот бек дебитираше за Хрватска во последната ЕХФ недела на пријателските средби со Швајцарија и беше меѓу најзабележителните играчи, а според Словенците, Вардар има конкуренција за неговиот ангажман во ПСЖ и Загреб.
Потекнува од Козала, играше две сезони во Замет Риека, а потоа три во Рико Рибница, пред лани да се пресели во Слован Љубљана каде ја одработува втората сезона и настапува со успех.
На левата бековска позиција Вардар во овој момент ги има Дмитро Горига и Вуко Борозан, чии договори истекуваат на крајот на оваа сезона. Во Вардар на лето доаѓаат Бразилецот Жоао Педро Да Силва и Вукашин Воркапиќ.
Потврдени најавите на 24Ракомет – доаѓа ново крило во Вардар!

























