Вардар го доби градското дерби со екипата од Автокоманда, 34-28 (17-17) и го задржа лидерското место на табелата со 22 бода. Одличната игра во второт полувреме беше клучот за триумфот, особено периодот од 41 до 52 минута кога „црвено-црните“ направија серија со која „избегаа“ на 32-25 по што немаше веќе шанса за пресврт.
Со мечот против соседите од Автокоманда, за Вардар заврши првиот дел од регуларната сеозна во која имаат 11 победи и ги добија сите дерби средби и против Охрид и против Еурофарм Пелистер.
Вардар го почна натпреварот со: Валах на голот, Георгиевски о Тузолана на крилата, Митровиќ, Малус и Горига како бекови, и Јанковски на линијата од 6 метри. Гостите од Автокоманда првиот напад го имаа со Монси и Костески на крилата, пивотмен Стојковиќ, а во бековската линија Ѓорговски, Ивановски и Серафимов. На голот почна Галевски. Од стандардниот состав го нема само Борсаш на лев бек.
Се до почетокот на минута се играше “гол за гол“каде имаше четири седмерци на двете страни. Тимот од Автокоманда водеше со 5-4 по што следуваше серија од 3-0 на Вардар, преку Митровиќ и двапати Горига за водство 7-5. Можеа вардарци лесно да отидат и на повисока разлика, но Атанасовски не погоди па потоа Горига го доби првото исклучување. Горига го одигра цело прво полувреме под притисок, бидејќи во 16 минута по вторпат направи прекршок што беше окарактеризиран за исклучување, што беше негово второ дотогаш.
Лазаров го имаше расположениот Мартин Серафимов кој во првото полувреме постигна 7 гола од 8 упатени удари, и имаше и плус 2 асистенции. Многу лесни голови дава гостите, влегуваше брзо Мартин Ивановски низ одбраната и поентираше, а негативата што ја имаа од 8. минута ја анулираа во 20. кога израмнија на 10-10. Од тој момент повторно двете екипи имаа свои добри минути, и се играше „гол за гол“.
Во последната минута од првото полувреме Георгиевски погоди, но во последните секунди Митевс израмни на 17-17, резултат со кој се отиде на одмор. Горига имаше две исклучувања, а кај гостите Стојковиќ двапати беше на клупата по две минути, и еднаш Аларов.

За десет минути играње во второто полувреме Вардар успеа повторно да дојде до „плус 2“ поведувајќи со 23-21 и 24-22. Секоја акција е важна, а кога не се реализира стигнува одговор на другата страна, па така Стојковиќ намали на 24-23, а потоа откако Вардар имаше непрецизен шут гостите добија шанса да дојдат до израмнување. Лазаров бараше тајмаут, но Стојковиќ направи престап,а во следниот напад Малус пак зголемува на највисоките „плус 2“ што ги имаше Вардар.
Она што не им успеа во првото, сега стигна во второто преку Јанковски Вардар поведе со три гола предност, 27-24 во 46 минута од мечот. Јака Малус со атрактивен гол со пируета донесе ново водство до три гола, 28-25. А Николас Боно од пенал погоди за 29-25 во 4 минута, што беше дотогаш највисоко водство за домашните. Дмитро Горига покажа дека во одлична форма и со нов проектил зголеми на 30-25 во 50 минута од мечот.
По една одлука на судиите зо која досудија пенал и го исклучија Тузолана, за што протестираа сите и клупата и публиката, од линијата за седум метри не реализираше Мартин Серафимов, што беше негово само второ промашување на средбата дотогаш. Иван Чупиќ побара тајмауат за во последните девет минути од мечот да најде решение да го задржи водството. И Горига повторно беше прецизен за ново водство, 31-25, а веднаш потоа на спротивната страна Васил Гогов брани топка на Мартин Велковски од крило за нов арадоста на трибините. За Горига немаше решение и пак погоди за 32-25 во 53 минута. Овие седум гол беа највисоката предност дотогаш на средбата за Вардар.
Дмитро Горига со 9 гола од 11 удари беше најефикасен кај Вардар, а по пет гола дадоа Боно, Малус, Васил Гогов имаше 8 одбрани, а Милош Валах 3.
Кај гостите, Мартин Серафимов даде 9 гола од 12 удари.

























