Вардар има одлични 30 минути од првиот дел на дуелот со Мелсунген во последното коло од Главната фаза од Лига Европа и води со 17-12. „Црвено-црните“ водат од самиот почеток на средбата, имаа водство од 6-1, а истата разлика ја задржаа и на полувреме.
Во меѓуврене успеаја домашните да израмнат на 7-7 во 17 минута, а потоа повторно Вардар „додаде гас“ и зголеми на 3-4 гола предност. Дури и со играч помалку вардарци успеваа да погодуваат, а одбраната да биде на посакуваното ниво.
Во последните минути искористија нашите ракометари шанси со кои ја задржаа предноста. Голманот Милош Валах има 7 одбрани, а Боно и Да Силва дадоа по 4 гола.























