Вардар повторно е во игра за титулата, и првенството ќе бид еинтересно до самиот крај, откако со 24-20 (12-11) го победи Еурофарм Пелистер. Сега разликата меѓу нив е само два бода на табелата во корист на битслкиот тим. Вардарци мораат да победат до крај, но и да чекаат кикс на битолчани на некој од следните натпревари.
Во последните минути од средбата „црвено-црните“ првпат успеја да имаат водство од три гола (23-20) што се покажа како клучно, и на крај победија. Вардар мораше да победи за да остане во игра за титулата, а Еурофарм Пелистер мораше да победи, за да избега на табелата и да може мирно да ги дочека крајот на плејофот. Средба во која влогот беше голем и за двата тима.
Речиси полна сала, навивачи расположени да навиваат, и играчи кои на терен се бореа за секоја топка. Исполнети сите предуслови за добар ракомет, кој може многу да покаже како ќе продолжи превенството, и кој е поблиску или подалеку од титулата.
Неколкупати Вардар имаше предност од два гола во првиот дел, ама не успеа да ја надмине таа граница, иако имаше неколку шанси да отиде и на повисока предност. А Еурофарм Пелистер секогаш ја чекаше и ја користеше својата шанса, па успеваше и да израмни. Знаеја битолчани како да ги сопрат играчите на Вардар, уште на 7-8 метри пред својот гол.
Двајцата голмани во првото полувреме имаа свои минути. Мартин Томовски одбрани два пенали, а Урбан Лесјак неколкупати одбрани во моментите кога Вардар беше во ситуација да се одлепи резултатски. Томовски блескаше на голот со три одбранети седмерци, и вкупно 12 одбрани.
Второто полувреме Еурофарм Пелистер ја искористи предноста да почне прв напад па брзо израмни, на 12-12. Потоа неколку минути се играше „гол за гол“, пред Вардар повторно да зголеми на „плус 2“. И пак Еурофарм Пелистер израмни, во 40 минута кога беше 17-17. Но, по еден не реализиран напад на Вардар, на спротивната страна Богдан Радивојевиќ првпат му донесе предност на тимот од Битола, кој поведе со 18-17.
Сега Вардар мораше да брка за да израмни, и брзо го направи тоа, и дојде пак во позиција да поведе, но ударот на Стефан Петриќ заврши крај голот. Со две грешки по ред Вардар си направи проблем, бидејќи Еурофарм Пелистер првпат имаше шанса да зголеми на два гола предност. Среќа ударот на Цехте Нејц заврши во рацете на Томовски, ама во следниот напад „црвено-црните“ пак не реализираа удар зашто Урбан Лесјак го сопре ударот на Косуке Јасухира.
Она што Еурофарм Пелистер го промаши, потоа успеа Вардар да го погоди и повторно да израмни, и во последните десет минути од мечот да се влезе со реми, 20-20.
Брзо Вардар пак ја врати својата предност од „плус 2“ и најави дека до крај ќе биде неизвесно и дека нема да дозволи бодовите да заминат од Скопје.
Покрај расположениот Мартин Томовски со 12 одбрани, во екипата на Вардар најефикасни беа Косуке Јасухира со 6 гола, а по четири дадоа Гоце Геопргиевски, Хансер Родигез и Стефан Петриќ.
Во екипата на Еурофарм Пелистер, шест гола даде Цехте Нејц, а по четири постигнаа Богдан Радивојевиќ и Жарко Пешевски. Голманот Урбан Лесјан имаше девет одбрани, меѓу кои и еден седмерец.
ТАБЕЛА