Вардар во четврток ги “пали моторите“

Актуелниот вицепрвак Вардар, задутре ги почнува подготовките за новата сезона со новиот тренер Иван Чупиќ, и повеќе нови играчи. Според планот објавен од клубот екипата се собира на 24 јули во Скопје каде ќе се направат сите потребни медицински тестови, а потоа ќе почнат и тренинзите на тимот кои исто така ќе бидат во Скопје.

Вториот дел од подготовките ќе бидат на планина, и таму ќе се остане до 13 август. Во тој период ќе се одигра и контролен меч со тимот на Бутел.

Вардар ќе игра на турнирот во Охрид од 19 до 23 август, а потоа на крај на месецот исто така ќе биде дел од турнир кој ќе се одржи во Скопје.

Пред почетокот на сезоната ќе се одржи и мечот од Супер Куп, на 3 септември. Местото на одигрување дополнително ќе биде одредено.