Вардар „везе“ во Сесвете – води со 23-12 на полувреме

Вардар е блиску до заверка на место во глвната фаза од Лига Европа, бидејќи на полувреме води со 23-12 против Сесвете во Загреб. Од самиот почеток на мечот „црвено-црните“ поведоа, и покажаа дека се дојдени да ги освојат бодовите.

Беше приморан домашниот тренер Игор Води да бара два тајмаута во првите 13 минути. Но, тоа тоа многу не му помогна бидејќи вардарци „везеа“ на теренот, и полека ја зголемуваа предноста, која стигна да биде и двоцифрена, 19-9 во 27 минута. Во последната минута Вардар водеше и со 22-11 и 23-12.

Вардарци се во Загреб со 15 ракометари, и од првиот меч во Скопје го нема Вуко Борозан и Филип Талески. Но, и без нив македонскиот тим игра одлично.

Остануваат уште 30 минути за заверка на место кое води во следната рунда.