Вардар со водство оди на полувреме против Бенфика

Вардар има предност од 15-14 на полувреме од натпреварот со Бенфика во 3. коло од Главната фаза на Лига Европа. Откако го дознаа резултатот од Шведска каде Кристијанштад го победи Мелсунген, за вардарци немаше многу опции, а најсигурната беше победа, и со повисока гол разлика.

Така и тргнаа домаќините, со водство кое веднаш отиде на плус 2-3 гола. Милош Валах за половина од првиот дел имаше 5 одбранети топки, а Мигел Еспиња одбрани пенал. Голманите на „црвено-црните“ беа подобриот дел од тимот.

Во напад головите беа распоредени на повеќемина играчи, и само поради неколкуте технички грешки предноста не беше и повисока. Вукашин Воркапиќ во 19 минута му го донесе дотогаш највисокото водство на Вардар од 8-4.

Брзо се менуваа екипите во постигнување голови, на двете страни, но вардарци ја задржуваа таа предност од 3-4 гола. Брзата игра носеше и грешки, па така на две неискористени акции гостите возвратија со голови и намалија на 10-8, и плус Лазаревски беше исклучен. Потоа за два напади откако Вардар зголеми на 11-8, Бенфика погоди, а исклучување доби и Јанковски.

Со пет играчи во поле и без голман, направената грешка во напад беше казнета, и Бенфика намали на 11-10 во 25 минута. Но, и со играч помалку Малус реализираше за нова радост на трибините, иако Бенфика брзо возврати. На крај можепе да биде и два гола предност, но последниот шут од девет метри на Кавалканти заврши во мрежата,