Вардар останува лидер и со предност од најмалку четири бода ќе замина на зимска пауза, откако во последното коло во 2025 година триумфираше со 31-25 (16-11) кај Прилеп. Домаќините се заканија на самио тпочеток, поведоа со 3-0 во 5 минута, а потоа „црвено-црните“ се разбудија. И потоа беше познато како ќе заврши приказната.
Го имаа „тутунарите“ расположениот Илчо Ивчески кој фати неколку топки на самиот почеток оневозможувајќи му на Вардар да „избега“. Но, не можеше долго да издржи под налетот на силните и прецизни удари кои ги испраќаа бековите на Вардар.
Десет минути подоцна Вардар веќе водеше со 7-4. Намалија домаќините на 7-9 во 20 минута по што следуваше тајмаут од Иван Чупиќ. И потоа нова серија со која ја зголемија разликата на „плус 5“ (13-8) и таа разлика остана на полувреме.
Петте гола предност беа клучни за Вардар, бидејќи прилепчани немаа сили да направат пресврт, па единствено што може е да намалат некој гол, но не и да се доближат сериозно.
Пивотменот на домаќините Александар Тренчески имаше одлична серија од 9/9, и сите од линијата на 6 метри. Последниот гол го даде во 40 минута. На спотивната страна „двоцифрен“ беше Дмитро Горига кој исто така немаше промашување , се до 59 минута кога промаши зицер од 6 метри, а
Првенствотопродолжува во февруари кога Вардар треба да биде домаќин на Куманово, а Прилеп гостува кај Охрид.
До крајот на регуларниот дел од сезоната остануваат уште четири кола, а потоа најдобрите шест екипи продолжуваат да разигруваат за титулата пренесувајќи ги сите освоени бодови од регуларниот дел.

























