Вардар со очекуван триумф над Тиквеш

Кога на почетокот на второто полувреме Вардар поведе со 22-15 обезбедувајќи ја дотогаш највисоката предност беше јасно дека гостите немаат никакви шанси. И на крајот резултатот беше во корист на „црвено-црните“ кои триумфираа со 39-27 во 20. коло од Супер лигата.

Комбинираше тренерот на Вардар со играчите давајќи им шанса на сите од клупата, ротирајќи и правејќи измени со цел сите да добијат можност да играат. Иако немаше играчи некои од стандардниот состав, они ешто настапија беа мотивирани.

Тиквеш иако со ограничен фонд на квалиттени играчи, се држеше додека можеше, но разликата беше очигледна во корист на Вардар. Покажаа дека можат да се носат, но само до одредено ниво, бидејќи немаат нити физичка сила да се спротистават.

За кавадарчани најважно е да бидат на петтото место на табелата и да пренесат еден бод во разигрувањето. Имаат добар распоред, и веројатно така ќе остане до крај на регуларниот дел.

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2ВАРДАР 196122200240
3АЛКАЛОИД22200240
4ОХРИД22142630
5ТИКВЕШ 201422113825
6БУТЕЛ221201024
7ПРИЛЕП22731217
8ПРОЛЕТ22651117
9КУМАНОВО22501710
10БОРЕЦ Ф.Л.2224168
11СТРУГА2231187
12РАДОВИШ2222186