Вардар се засили со леворак „бомбардер“ – доаѓа српски репрезентативец!

Младиот и перспективен десен бек Урош Митровиќ (20) во иднина ќе биде член на Вардар. Доаѓа од екипата на Тулуз во Франција, а зад себе има и интернационална кариера и во Полска и Австрија.

Леворакиот Митровиќ е репрезентативец на Србја и настапуваше и во квалификациите за ЕП 2026 година.

Настапувал и за младинските селекции на Србија. Во моментов е дел од тимот на Тулуз. Играше и во Лига Европа каде екипата стигнаа до главната фаза.

Пред да замине за Франција, една сезона играше во Австрија во екипата на Брегенц, и една сезона во Висла Плоцк во Полска. Во Србија настапувал за екипите на Врбас и на Црвенка.

Сезонава играше на вкупно 39 натпревари во различни категории (клуб и репрезентација) и постигнал 34 гола.