За новата натпреварувачка сезона тимот на Вардар ќе пушти во продажба сезонски билети со кои ќе може да се гледаат сите натпревари на домашен терен.
Ќе можете самите да го изберете местото во салата во СЦ „Јане Сандански“, каде Вардар ќе ги игrа сезонава своите натпревари.
Цените на сезонските билети се 3.600 денари за сите места, освен за секторите А2, А3, А5 и А6, кои ќе чинат 4.200 денари.
„Сите кои имаат купено сезонски билет имаат предност за резервирање на истите места. Потоа следува регуларната продажба на сезонските влезници. Продажбата ќе се врши преку продажната мрежа на МКТикетс (онлајн и на нивните продажни места)
Сезонскиот билет ќе важи за:
– сите натпревари од грпната фаза на Лига Европа
– сите натпревари од главна фаза на Лига Европа
– сите натпревари од првенството на Македонија
– сите натпревари од Куп на Македонија (каде домаќин е Вардар)Приоритетната продажба на билети ќе биде заклучно со 1 септември. Сите што лани имаат купено сезонски билети можат да ги задржат истите места. Потребно е на клупскиот e-mail contact@rkvardar1961.com да го приложат ланскиот билет и да ја направат резервацијата. Од 2 септември ќе почне регуларната продажба на сезонските билети. Наскоро ќе бидат објавени детали како и каде ќе може да се изврпи купувањето на истите блети. Продажбата ќе трае до 20 септмеври. Пред секој натпревар ќе се продаваат поединечни билети за настапите во Лига Европа, и во домашното првенство, а за цените дополнително ќе има известување“, се вели во објавата на „црвено-црните“.